20.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Subaru Outback единствен го помина новиот американски краш-тест

Најчитани вести

Subaru Outback веќе докажа дека е тврд орев, откако Euro-NCAP му даде врвни оцени за безбедноста при краш-тестот во почетокот на годинава. Нов доказ доаѓа од САД, и тој е уште поубедлив.

Америка воведе нови стандарди за тестирање на безбедноста на автомобилите. Subaru Outback е првиот и единствен автомобил што го мина тестирањето со највисока оцена.

Институтот за безбедност на автопатиштата во САД, познатиот IIHS, користи нови и построги стандарди за проверка на безбедноста на автомобилите при страничен судир. Целта на промените е тестирањето да биде повеќе веродостојно на сценаријата на незгода, што вистински може да се случат во сообраќајот. Со исклучок на Subaru Outback, сите останати модели што беа тестирани според построгите стандарди, не поминаа на тестот. Највисоката оцена што ја постигнаа останатите модели е „прифатливо“. Само два од шесте модели ја добија оваа преодна оцена.

На новите тестирања на страничен судир се користи тешка бариера, којашто се движи со повисока брзина од претходно кон автомобилот што се тестира. Бариерата симулира возило што налетува во тестираното возило, доаѓајќи попречно кон возачката страна. Новата бариера тежи 1.905 килограми. Тоа е тежина што соодветствува на денешните СУВ-модели од средна класа. Оваа маса се залетува кон возилото со брзина од 60 km/h. Претходно се користеше бариера со тежина од 1,5 тон, што се залетуваше на 50 km/h.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com