Home » Студентскиот стандард ќе се зголемува со над 30 милиони евра, се реконструираат и студентските домови

Студентскиот стандард ќе се зголемува со над 30 милиони евра, се реконструираат и студентските домови

by Журнал.мк

Владата на ВМРО-ДПМНЕ го зголемува студентскиот стандард со повеќе од 30 милиони евра, односно тој се зголемува за 18% повеќе од лани. За енергетски ефикасна рехабилитација се издвоени шест милиони евра. Се работи на реконструкција на студентските домови, за кои се очекува да бидат ставени во функција следната година. Во однос на ученичкиот стандард, Владата предвидува зголемување од 12% споредбено со минатиот буџет, велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

-Предлог Буџетот за 2025 година на Владата е развоен во делот на млади и образование. Насочен е да се подобрат условите за учење, студирање и живот на младите. За оваа цел, се предвидуваат три милијарди денари повеќе во Буџетот за образование.

Образовните работници ќе добијат покачување на платите во март од 7%. Платите ќе продолжат да растат и во следните години од мандатот, ќе се зголемат за 46%.

Во однос на 2024 година, капиталните инвестиции ќе се зголемат за 115 милиони денари. Средствата ќе бидат насочени за изградба и обнова на училишта, обезбедување на подобри услови за нашите ученици и модернизација на образовната инфраструктура.

Врвен приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се младите и образованието, а тоа ќе се зголемува секоја година, се додава во партиското соопштение.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk