Home » Студентскиот дом Пелагонија во катастрофална состојба

Студентскиот дом Пелагонија во катастрофална состојба

by Журнал.мк

Треба да биде соодветно засолниште за илјадници студенти, но студентскиот дом „Пелагонија“ се претвори во арена на секојдневни битки со инфраструктурни проблеми на кои како да им нема крај.

Алсат ги посети просториите на овој студентски дом и состојбата внатре беше мизерна

Немање топла вода, проблеми со парното, проблеми со струја, проблеми со лифтовите, лоши услови во собите, лоши услови во кујната, лоша миризба од канализацијата и влага.

Оваа институција е далеку од стандардите што ги заслужува секој студент и се чини дека претставува предизвик на новата в.д. директорка Адријана Даци да ја врати на вистинскиот пат. Оваа институција ја затекнала со вкупен долг од 34 милиони денари како и блокирани сметки.

„Во кујната ситуацијата е многу сериозна, електричната опрема, фрижидерите постојано се расипуваат. Плус затоа што всушност сме во долгови, неплатени сметки, не можат да донесат и храна, оброците на студентите се обилни. Имаме проблем со топла вода, ја поправивме хидрофорната пумпа, сега студентите имаат топла вода. Во моментов условите не се баш добри, имаме соби со 4 кревети, секоја соба има свој тоалет, моментално има топла вода, но цевките протекуваат од горе до долу, вработените се трудат да ги санираат дефектите, но некои дефекти не се санираат така лесно“, рече Адријана Даци, в.д директорка.

Даци рече дека во моментов секој обид да се среди состојбата е залуден поради блокираните сметки, но подвлече дека заедно со вработените ќе вложат максимални напори за подобрување на состојбата. Ова го очекуваат и студентите кои живеат во домот.

„Предизвиците со кои се соочуваме се недостиг на топла вода, систем за греење, проблеми со електрична енергија, особено проблеми со лифтовите, условите во просториите како и проблемите со храната. Во постојана координација сме со новоименуваната директорка Адријана Даци, каде што започна постепеното подобрување на овие прашања. Ги повикувам институциите и граѓанското општество да ги поддржат овие напори за подобрување на условите за живот на студентите”, рече Венхар Адеми, потпретседател на Студентскиот совет во домот.

Со проблеми се соочуваат и вработените во оваа институција, кои се уште не земале плата за месец октомври. Даци вели дека доколку платите не поминат до крајот на овој месец, се очекува прекин на здравственото осигурување, што претставува проблем особено за дел од вработените со хронични заболувања. Таа вети дека ќе направи напори да ја деблокира сметката и потоа да обезбеди подобри услови за 1000 студенти кои живеат во овој дом.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk