Home » Студентка од Уганда се здебелила 10 килограми за еден месец: Не може да одолее на српската храна

Студентка од Уганда се здебелила 10 килограми за еден месец: Не може да одолее на српската храна

by Журнал.мк

Џулијан Абасу, студент по медицина од Уганда, живее и студира во Белград. За само еден месец, како што вели, се здебелила дури 10 килограми, бидејќи не може да одолее на српската храна.

Она што особено ја изненадило студентката по медицина од Уганда е тоа што кај нас месо се јаде речиси за секој оброк, пишува српски Блиц.

– Во Уганда го јадеме еднаш, двапати неделно или пак месечно, зависи од периодот. Поголем дел од мојата тежина добив од брза храна. Овде се јаде многу леб, а ние леб не јадеме. За појадок, ручек и вечера се јаде месо, тоа ми беше многу чудно – вели Џулијан. Таа вели дека не може да одолее на сарми и сирење, но и необично и е што пиеме јогурт секој ден.

– Ние пиеме само млеко. Ги сакам сите млечни специјалитети, секоја форма на сирење. Омилен појадок ми е бурек со сирење. Сакам и чварки, чудно ми беше кога ги јадев без леб. Велат дека тоа се бонбони од свинско – вели таа.

Друга чудна работа за Србија беше тоа што овде луѓето пијат и кафе и чај.

– Пиеме само млеко. Кај нас се верува дека водата е добра само за туширање. Нема кафе или чај – вели Џулијан за „Јутро на Блиц“. Вели и дека засега од српски специјалитети знае да подготви само качамак.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk