Home » Студентите утре излегуваат на протест

Студентите утре излегуваат на протест

by Журнал

Неформалната организација Студентски отпор најави дека ќе им се приклучи на Универзитетското собрание (УСС) УКИМ за утрешниот протест пред МОН, со цел студентите да се здружат.

Од пред Министерството за образование и наука, велат ќе побараат одоговори од ресорниот министер, зошто и покрај ветувањата дека парите ќе ги добијат до 1 февруари, нивните сметки и натаму се празни.

Претходно, тие порачаа дека и покрај најавите на МОН дека стипендиите за месец октомври и останатите ќе бидат исплатени на 1 февруари како краен рок, сепак трансакциските сметки на студентите останале празни.

„Средства кои денес ги немаме, а сме приморани да ги користиме за покривање на трошоците за запишување на семестар и останати тековни трошоци за студирање. Исто така веќе две години го пробиваат сите рокови за започнување на реконструкцијата на студентските домови кои се со субстандардни услови, а многу пати досега беше ветено дека ќе се започне реконструкцијата во најбрз можен рок“, стои во повикот на Студентски отпор.

УСС УКИМ претходно го најавија протестот од 14 часот под мотото „Студентите обединети“.

„Револтирани и обесправени студенти, време е да ги кренеме своите гласови и обединето да излеземе против неправдите врз нас и против неефикасното работење на Министерството за образование! Универзитетското студентско собрание на УКИМ, ве повикува вам, останатите Универзитетски собранија и сите останати студентски организации, да ни се придружите и достоинствено да излеземе на протест каде ќе ги искажеме горливите маки. Проблемите се многу. Сплотени, ние сме уште повеќе“, се вели во повикот на УСС УКИМ.

Засега, нема официјална информација дали на Студентски отпор и УСС УКИМ во 14 часот ќе им е приклучи и организацијата Студентска револуција, кои својот протест пред МОН го најавија од 12 часот. И тие рекоа дека протестот е последица бидејќи нема ниту една исплатена рата од студентските стипендии за учебната 2023/2024 година од МОН.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More