Home » Студентите од Белград се упатуваат кон Нови Сад – дводневна прошетка пред големиот протест

Студентите од Белград се упатуваат кон Нови Сад – дводневна прошетка пред големиот протест

by Журнал.мк

Студенти од блокираните белградски факултети денеска ќе тргнат на прошетка од Белград до Нови Сад со цел да им дадат поддршка на колегите од Нови Сад во блокирањето на сите три моста во тој град, по повод три месеци од трагедијата на Железничката станица во Нови Сад во која загинаа 15 лица.

Бранот студентски протести со барање одговорност за уривањето на настрешница на 1 ноември во Нови Сад, при што тешко беа повредени две лица, постојано се шири повеќе од два месеци.

Студентите во блокадата денеска ги повикаа и заинтересираните граѓани да им се придружат со сопствена организација на потребните ресурси.

Студентскиот парламент на Правниот факултет на Универзитетот во Белград соопшти дека од годишниот буџет на тој парламент се донирани 2,5 милиони динари за студентите на тој факултет за набавка на топли оброци и вода за пиење.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk