Дебакл на таканаречениот пленум на платото на УКИМ. Едвај неколку десетици студенти се собраа на закажаниот собир. Збунети, но и нервозни им се нафрлија на новинарите и не дозволија снимање.
„Никој не сака сликање од новинари, ќе ве замолам новинари без сликање и без медиуми, нормално платеници сте вие“ вели студент.
По ова малата група на студенти влезе во холот на Филозофскиот факултет, ни беше кажано дека таму ќе ги договараат следните активностии дека новинарите не треба да бидат присутни. По неуспешниот пленум со реакција се јави и Независниот студентски сојуз. Оттаму соопштија дека студентите го препознале политиканството и одлучиле да не учествуваат во, како што велат, ова фијаско.
„Препознати се сите намери за политизација и мешање во нашето искрено студентско движење. Денешниот собир е директен доказ дека студентите не сакаат политичка инволвираност во искажувањето на своите ставови и беше обид политичката партија Левица да го киднапира искрениот студентски крик!“ велат од Независен Студентски Сојуз
Слабиот одѕив се должи и на политизација на движењето откако викендов се појавија видео снимки со српска инструкторка која дава насоки како да се преслика тамошното сценарио.