Home » Студено утро, сончево и топло преку ден

Студено утро, сончево и топло преку ден

by Журнал.мк

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 23 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на седмицава нашето подрачје ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ, која ќе услови и понатаму да се задржи релативно топло време за овој период од годината. Утре и задутре особено во вечерните и ноќните часови ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи. Услови за локален дожд ќе има и во четврток во претпладневните часови. Во текто на целата седмица ќе дува засилен јужен ветер, а температурите ќе бидат во пораст, особено утринските.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk