Home » Струмица „обвиткана“ во загаден воздух, експертите велат ситуацијата не е наивна

Струмица „обвиткана“ во загаден воздух, експертите велат ситуацијата не е наивна

by Журнал

Временските прилики во Струмица се менуваат – само загадувањето оваа зима останува константно. Градот е обвиткан со тежок воздух што пече при вдишување. Граѓанските активисти споделуваат податоци од мерењата кои покажуваат дека струмичани дишат позагаден воздух од градовите со многу поголема населеност, и со потешка индустрија.

Експертите велат дека за да се направи целосна анализа на квалитетот на воздухот потребни се мерења на повеќе локации во градот и дека вредностите што се покажуваат не смеат да се земат здраво за готово. Но, сите се согласуваат дека ситуацијата не е наивна и потребно е да се дејствува.

И активистите набројуваат различни извори на загадување, за нив е клучно да почнат загадувачите да се санкционираат.

На страницата за квалитет на воздухот на Министерството за животна средина последен пат кога е надимната среднодневната гранична вредност за пм 10 честички во Струмица е вчера. Струмица била единствен град во државата со забележани 116,2 пм10 честички.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More