25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Струмичкото обвинителство врши увид за пожарот во ТЦ „Глобал“

Најчитани вести

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица од 10.00 часот утринава го започна увидот на самото место во ТЦ „Глобал“, каде ноќта на 2 јануари изби пожар.

Неопходни услови за вршење на увид се создадоа денеска поради предупредувања за можни повремени пожари дадени од Дирекцијата за заштита и спасување и противпожарните екипи во текот на вчерашниот ден. Надлежен јавен обвинител увидот го врши во координација со увидна екипа од крим техника МВР и СВР Струмица, а обвинителството повика и вешти лица за пожари и експлозиви и за електрика со цел утврдување на причините за настанатиот пожар. Воедно, повикани се и вешти лица од областа на градежништвото и архитектурата, како и од материјално финансиско работење со цел утврдување на видот и висината на настанатата штета.

Јавниот обвинител издаде наредби за подигање на траги од лице место и нивно натамошно вештачење, како и за одземање на видео записи – ресивери од видео камерите поставени во трговскиот центар. Издадени се и наредби за вршење на оперативни проверки и прибирање на информации од лица кои имаат сознанија во врска со настанување на пожарот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести