Home » Струјомерите во Новата година почнаа да се вртат со нови цени

Струјомерите во Новата година почнаа да се вртат со нови цени

by Журнал

Незначителни корекции на цените има и во блок тарифите. Најголемо поскапување од скоро 3% има во третиот блок, во кој пак во текот на најладните месеци кои следат, се префрлаат голем дел од потрошувачите. Граѓаните кои ги анкетиравме велат дека и оваа година ќе продолжат да штедат, бидејќи минатата година така се навикнале.

Месецов се очекува веќе и сите поторшувачи преку ден од 13 до 15 часот да ја користат евтината тарифа, која останува по иста цена од 4 денари за потрошен киловат. Власта очекува граѓаните повеќе да готват и перат во тој период од денот, па така и да плаќаат пониски сметки од лани.

„ Граѓаните кои внимаваат и домаќински ја трошат струјата ќе плаќаат помалку. Математички прецизно од 1 јануари за 5% поевтина цена во први блок, а вториот блок и евтината струја остануваат исти. Само со мерката за евтината дневна тарифа на струја се граѓаните заштедуваат 1.000 денари, мерка која најмногу ќе ја користат пензионерите. Енергетските политики и мерки што ги презеде владата предводена од СДСМ во време на Пандемија и енергетска криза даваат резултати: ниски сметки и враќање на дневната ефтина тарифа. “

Но таква математика немаат во опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат:

„СДС се фалеше дека ја укинал радиодифузната такса, ама затоа воведе своевидна “електродифузна такса“ или мрежарина која ќе ги зголеми сметките за 250 денари. Дополнително со покачувањето во третиот блок сметките ќе пораснат за 120 денари во просек, што значи дека од јануари граѓаните ќе плаќаат по 400 денари повеќе за струја. Народот е принуден да избира дали да гладува или да смрзнува, додека функционерите на власта прават криминал со народните пари, особено во енергетскиот систем.“

И додека граѓаните се навикнуваат на новите цени и давачката – месецов ќе треба да се избере и нов Универзален снабдувач. Дали повторно ќе падне во рацете на ЕВН Хоум, ќе зависи од тоа дали ќе понуди најниска профитна маржа на тендерот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More