Home » Стравотна сообраќајка во скопски Аеродром, едно лице е повредено

Стравотна сообраќајка во скопски Аеродром, едно лице е повредено

by Журнал.мк

Во несреќата е повредена 41-годишната В.Ш. која била зад воланот на возило марка „киа“, кое завршило превртено на кров
Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што доцна попладнево се случи на булеварот „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром во непосредна близина на „Веро“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Фотографиите од местото сведочат за стравотната несреќа, бидејќи, како што може да се види од нив, едното возило е превртено на кров.

Во сообраќајната несреќа учествувале две возила, а околностите во кои се случила треба да ги утврди увидот, кој е во тек.

„На 15.04.2025 во 18.20 часот во СВР Скопје пријавено е дека се случила сообраќајна несреќа на бул. ‘Јане Сандански’ во Скопје, во која учествувале патничко возило ‘киа’ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ш. (41) од Скопје и патничко возило ‘ауди’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Т. (32) од Скопје“, се вели во информацијата од МВР.

Во несреќата е повредена 41-годишната В.Ш. која била зад воланот на превртената „киа“.

Таа, според МВР, е пренесена во болницата „Св, Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

Засега официјални информации за нејзината состојба и тежината на повредите.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk