Home » Страв од нов земјотрес во Истанбул, повредени над 150 луѓе кои бегале во паника

Страв од нов земјотрес во Истанбул, повредени над 150 луѓе кои бегале во паника

by Журнал.мк

Серија земјотреси денеска ја потресе областа на Истанбул, а најсилниот беше со јачина од 6,2 степени според Рихтер, со епицентар во Мраморното Море, западно од Босфорот. Земјотресот се почувствува и во Анкара и околните провинции.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека сите надлежни институции се во состојба на готовност и дека засега нема извештаи за сериозни штети.

„Многу внимателно го следиме процесот. Засега изгледа дека нема поголеми проблеми“, изјави тој.

Повеќе од 150 лица се хоспитализирани со повреди здобиени при обид да избегаат од згради за време на силниот земјотрес што го погоди Истанбул. Повредените главно скокале од височина поради паника, но се наоѓаат вон животна опасност и нивниот третман е во тек.

Министерството за транспорт соопшти дека првичните инспекции не покажале оштетувања на автопатите, железничките линии, аеродромите и метрото.

Граѓаните во Истанбул сведочеа дека зградите се треселе, по што во паника излегле на улиците. Снимки од надзорни камери покажуваат како луѓето бегаат од локали и ресторани во моментот на потресот.

Турските власти со години предупредуваат на опасност од голем земјотрес во Истанбул, кој би можел да има јачина над 7 степени и потенцијално да предизвика разорен цунами. Поради тоа, на неколку локации во градот се поставени знаци за евакуација во случај на цунами, особено во крајбрежните области како Бујукчекмече и Фанари.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk