Home » Страшни закани кон хрватскиот голман: Ќе те најдам и ќе те убијам!

Страшни закани кон хрватскиот голман: Ќе те најдам и ќе те убијам!

by Lina Muslija

Репрезентациите на Полска и Хрватска вчера ремизираа во Лигата на Нации одигрувајќи 3:3, а по овој натпревар сериозни закани доби хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ.

Ливаковиќ заработи исклучување ви 76. минута откако невнимателно го удри Левандовски кој се обидуваше да шутне една топка.

Полските навивачи се бесни на Ливаковиќ затоа што го повреди нивнииот најдобар фудбалер, но некои од нив отидоа и предалеку.

„Кучко без достоинство, за малку ќе го убиеше. Не беше тоа нормален старт, туку напад. Ако беше ова вистинската Полска, ти немаше да ја напуштиш земјата. Заслужи да те однесат право во затвор“, гласи еден од коментарите.

Друг му испрати директна закана.

„Деновите ти се избројани! Бескорисен кучикн сине! Ќе те најдам и ќе те убијам, спиј со отворени очи“, стои во пораката на социјалните мрежи.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk