Home » Страшна состојба во Нови Пазар, неколку лица избодени, напаѓачот во бегство: „Ситуацијата излезе од контрола…“

Страшна состојба во Нови Пазар, неколку лица избодени, напаѓачот во бегство: „Ситуацијата излезе од контрола…“

by Журнал.мк

Во улица Генерал Живковиќ во Нови Пазар вечерва околу 20 часот дошло до инцидент откако кратка расправија меѓу група млади момчиња прераснала во физичка пресметка.

Во тепачката која следела едно лице употребило ладно оружје и им нанело убодни рани на тројца учесници во конфликтот.

– Ситуацијата брзо излегла од контрола, а напаѓачот со нож избодел тројца мажи, од кои едниот бил избоден во пределот на градниот кош – потврдија од полицијата од Нови Пазар.

Сите повредени се итно пренесени во Општата болница каде им била укажана лекарска помош.

Потрагата по осомничениот, кој во моментов е осомничен за обид за убиство, е во тек.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More