Home » „Странски инвеститор сака да вложи 18 милиони евра во Вардар, но нè кочат институциите!“

„Странски инвеститор сака да вложи 18 милиони евра во Вардар, но нè кочат институциите!“

by Lina Muslija

Најтрофејниот македонски клуб Вардар денеска симболично во „пет до 12“ одржа прес конференција и побара институциите и градот Скопје да почнат да ги расчистуваат работите со долговите.

„Црвено-црните“ открија дека има интерес од странски инвеститор, кој е подготвен да вложи 18 милиони евра во следните 10 години, но нерешените проблеми се кочница.

„За нас е зачудувачки како се однесува оваа држава кога странски инвеститор е заинтересиран да влезе во ФК Вардар и да вложи до 18 милиони евра. Ќе биде покриен и основниот долг од околу три милиони евра, но се уште немаме официјален одговор од институциите какви се долговите на ФК Вардар. Се обидуваме да доведеме странска инвестиција за спас на ФК Вардар, но државните институции се однесуваат игнорантски, без одговор на нашите барања уште од 27. јуни“ – вели Милорад Миленковски, преставник на навивачите, кои го раководат клубот.

„Немаме одговор од ниту една надлежна институција, како од ПУИГ, УЈП, па се до премиерот на Владата. Зачудени сме и се прашуваме дали надлежните институции секогаш се однесуваат вака кога се најавуваат странски инвестиции? Еве, нека биде и хипотетички дали ќе дојде инвеститор, но дали ова е начинот на кој се привлекува инвеститор? Не можеме да прифатиме ваков игнорантски однос кон ФК Вардар, на крајот на краиштата, не е само наша должност да го зштитиме Вардар, кој е клуб на народот“.

Тие исто така побараа парите кои во јули месец биле изгласан од Советот на Град Скопје како помош, конечно да легнат на сметка.

„Град Скопје ја донесе одлуката за доделување на финансиска помош. Ние бараме истата да се спроведе. Не бараме ништо повеќе од она што му е веќе доделено на ФК Вардар. Таа помош на Вардар му е потребна во моментов. Ние од тие 500.000 евра немаме добиено ни денар. Зошто и како отворено прашуваме. Ние немаме други средства за да го спасуваме Вардар во моментов. Тие ние се потребни. Ова јавно го кажувам сега. Политички игри околу Вардар не сакаме. Тргнете ги политичките мешетарења околу клубот. Вардар е на народот на Скопје и народот на Македонија“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More