Home » Странците масовно купуваат недвижнини

Странците масовно купуваат недвижнини

by Журнал.мк

Во првата половина на годинава Албанија забележала рекорден износ на странски инвестиции или 749 милиони евра што за 55 милиони повеќе во споредба со истиот период минатата година и 113 милиони евра повеќе во споредба со 2022 година, објави Централна банка на Албанија.

Според истиот извор само во вториот квартал, странските директни инвестиции се проценети на 395 милиони евра, со раст од околу четири отсто на годишно ниво. Најмногу вложувале Холандија, Италија и Турција.

– Во вториот квартал од 2024 година, влезните девизни текови во форма на странски директни инвестиции главно биле концентрирани во недвижности во обем од 25 проценти, секторот за финансиско посредување, нафтата и транспортот. Интересот за недвижности е директно поврзан со интересот на странците да купуваат имот и куќи, особено на крајбрежјето, наведува Банката.

Централната банка на Албанија оценува дека растот на странските инвестиции е главен фактор за зајакнување на домашната валута – лекот, бидејќи директно влијае на зголемувањето на оптекот на европската валута во албанската економија.

Годинава, вредноста на еврото доживеа рекорден пад, и сега се менува за 99 леки.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk