Home » Страдивари виолина на аукција – дали ќе ја засвири највисоката цена во историјата?

Страдивари виолина на аукција – дали ќе ја засвири највисоката цена во историјата?

by Журнал.мк

Виолина изработена од прочуениот италијански мајстор Антонио Страдивари во 1714 година ќе биде ставена на аукција во Њујорк овој петок, а нејзината проценета вредност се движи меѓу 12 и 18 милиони долари.

Аукциската куќа Сотби ја нуди виолината „Јоаким-Ма Страдивари“, која има историско значење и извонредна изработка. Доколку ја достигне горната граница на проценетата вредност, оваа виолина би можела да го урне досегашниот рекорд за најскапо продаден музички инструмент во историјата, кој моментално го држи виолината „Лејди Блант“ – исто така дело на Страдивари, продадена за 15,9 милиони долари во 2011 година.

Со векови, виолините на Страдивари остануваат синоним за совршен звук, а нивната вредност постојано расте. Љубителите на ретки музички инструменти и колекционерите со нетрпение го очекуваат исходот на оваа аукција – дали ќе се запише нов Гинисов рекорд?

 

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk