Home » Стотици илјади верници во Ватикан, папата Франциско на последно „земско патување“ во папамобилот

Стотици илјади верници во Ватикан, папата Франциско на последно „земско патување“ во папамобилот

by Журнал.мк

Бројни верници почнаа да пристигнуваат на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, од каде што ќе го следат погребот на папата Франциско, кој е закажан за 10 часот наутро.

Контролните пунктови во Ватикан се отворија во 5:30 часот наутро, а многу граѓани веќе беа пред портите чекајќи одобрение за влез на плоштадот. „Веќе во 5:30 часот, стотици луѓе се собраа пред портите. Исто така, имаше многу свештеници и калуѓерки кои пристигнаа решени да не го пропуштат овој настан“, пишува „Ла Стампа“.

Улиците на Рим се затворени и поради погребот на папата, како и бројни безбедносни протоколи во сила поради пристигнувањето на светските лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп.

Безбедносните планови вклучуваат борбени авиони „Еурофајтер“, оружје што се користи против беспилотни летала и илјадници полицајци што ќе патролираат по улиците. Италијанскиот весник „Ла Стампа“ објави дека папата ќе го направи своето последно „земно патување“ на познатиот папамобил, кој е претворен во мртовечко возило.

По погребот, гробот на папата Франциско ќе биде достапен за верниците од недела наутро.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk