Стотици антиимиграциони демонстранти нападнаа хотел во Јужен Јоркшир кој се користи за сместување мигранти, јави британски „Телеграф“. Дел од нив упаднаа во објектот и ја запалија околната трева.
Видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат како полицијата се повлекува при напад на предмети фрлени од демонстрантите пред хотелот Holiday Inn Express во Манверс, Ротерхем. Други снимки покажуваат како напаѓачите кршат прозорци пред да упаднат во зградата, како и пожар што избил на еден од влезовите.
Хотелот беше цел на антиимиграционен протест во февруари 2023 година, кога две лица беа уапсени.
Гневната толпа од екстремната десница денеска упаднала во хотелот, фрлала столчиња и користела противпожарни апарати против полицијата, додека палеле канти и мебел.
Стотици насилни антиимиграциони демонстранти со качулки и облечени во знамиња на Св. Џорџ се судрија со полицајците кои се обидуваа да го заштитат хотелот од околу 14 часот попладне. Најмалку еден полицаец е повреден во хаосот пред хотелот на северните предградија на постиндустриското гратче.
Ова е уште еден ден од насилни протести на британските улици, по хаосот од оваа недела што остави полицајци со скршени коски, запалени автомобили и нападнати недолжни пешаци. Избувнувањето на насилство доаѓа по убиството на три млади девојки во Саутпорт, откако беше соопштено дека напаѓачот е илегален имигранти. Властите веднаш ги демантираа лажните вести, посочувајќи дека лицето е родено во Кардиф.
Тревата околу хотелот исто така е запалена. Едно лице било видено со целосно покриено лице со маска со британско знаме, додека мавтало со големо знаме на Англија пред хотелот, додека други пиеле пиво и пееле навредливи слогани.
Група млади мажи држеле банер со натпис „ние не сме десничари, ние сме само во право“, додека друг плакат гласел: „Запирање на бродовите значи запирање на прободувањата“.