-4.3 C
Skopje
Wednesday, January 20, 2021

Стопанска комора на Србија: Иницијативата за т.н. „мал Шенген“ веќе два резултати

Најчитани вести

Иницијативата на т.н. „мал Шенген“ веќе даде одредени резултати во економијата на што долго се чекаше, изјави денеска претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж.

Тој во интервју за РТС, рече дека преминот Табановце, а наскоро и преминот меѓу Северна Македонија и Албанија (Ќафасан) ќе работи 24 часа на ден. Во сите три смени, работат сите инспекциски служби потребни за минување на камионите, договорено е да се признаат меѓусебните транзитни документи, што ќе овозможи побрз проток на стока, оцени претседателот на ПСК.

Чадеж, кој учествуваше на дводневниот самит за „мал Шенген“ во Тирана, исто така посочи дека Србија, Северна Македонија и Албанија по првпат ќе ги третираат граѓаните на другата земја како домашни.Тој наведе дека, на пример, во Албанија и Северна Македонија ќе се патува со лична карта, ќе бидат признати квалификации, а граѓаните ќе можат да се регистрираат со помош на посебен систем, кој веќе е завршен.

-Кога влегувате со лична карта, вие веќе се валоризирате, ја знаете идентификацијата. Добивате еден број со кој можете да функционирате, да работите, да живеете во која било од овие три земји. Тоа е нешто што навистина е голема работа, истакна Чадеж.

Тој напомена дека се поминати договорите кои биле „закочени“ во ЦЕФТА, како што е меѓусебното признавање на овластените економски оператори.

-Добивате сертификат дека сте овластен економски оператор, како компанија, како шпедитер, како логистичар и практично немате никакви задржувања на границите, објасни Чадеж.

Тој, исто така, кажа дека и ЕУ и ЕБОР ќе издвојат големи средства за иницијативата, а како најголем проблем за спроведување на договорот ги означи капацитетите на администрацијата, напоменувајќи дека ПКС може да одвои дополнителни ресурси кога станува збор за аналитиката.

Во реакциите во Србија по вчерашната лидерска средба во Тирана, се огласи и познатиот политички аналитичар Душан Јањиќ, кој за ТВ Н1 изјави дека соработката меѓу државите на Западен Балкан не значи нова Југославија и тоа не е замена за ЕУ.

Средбата во Тирана и зајакнувањето на соработката на Балканот е сосема нов проект кој ќе поттикне искористување на потенцијалот на земјите од Западен Балкан додека секоја од нив ги исполнува условите за пристапување во ЕУ, кажа Јањиќ.

Според него, името „мал Шенген“ е несоодветно затоа што членките на ЕУ кои се во шенген-зоната се откажале од дел од нивниот суверенитет заради укинување на границите, додека тоа нема да биде случај со балканските земји.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести