Home » Столтенберг: НАТО ќе остане силен дури и ако победи Трамп

Столтенберг: НАТО ќе остане силен дури и ако победи Трамп

by Журнал

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ги минимизираше стравувањата дека реизборот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе го ослабне тој одбранбен сојуз.

Столтенберг изјави дека не мисли оти враќањето на Трамп на чело на САД ќе го загрози членството на земјата во НАТО, пренесе Ројтерс.

„Верувам дека САД ќе продолжат да бидат силен сојузник во НАТО, без оглед на исходот од американските избори, бидејќи тоа е во интерес на САД“, рече Столтенберг во интервју за Си-Ен-Ен.

Трамп, кој беше жесток критичар на НАТО додека беше претседател на САД, постојано се закануваше дека ќе се повлече од алијансата.

„Работев со него четири години и внимателно слушав, бидејќи главните критики беа за тоа што сојузниците од НАТО трошат премалку за НАТО“, рече Столтенберг.

Тој рече дека сè поголем број сојузници го зголемуваат својот воен придонес во алијансата.

„Значи, пораката од САД дека европските сојузници треба да ги зголемат (давањата) е разбрана и тие навистина се движат во вистинската насока“, нагласи Столтенберг.

Трамп продолжи да ја критикува Алијансата, велејќи во текот на викендот дека не верува дека членките на НАТО ќе ги поддржат САД доколку бидат нападнати.

НАТО содржи одредба која гарантира дека ако една земја-членка биде нападната, другите ќе помогнат во нејзината одбрана.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More