Home » Столтенберг: НАТО ја презема координацијата на испораката на оружје за Украина

Столтенберг: НАТО ја презема координацијата на испораката на оружје за Украина

by Журнал.мк

НАТО е подготвен да ја преземе координацијата на американските испораки на оружје за Украина, а во исто време земјите-членки ги прилагодуваат своите нуклеарни капацитети на новонастанатата ситуација, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

„Очекувам министрите да го одобрат планот НАТО да ја води координацијата на безбедносната помош и обука на Украина“, рече Јенс Столтенберг пред дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

Алијансата се обидува да го заштити механизмот за воена помош додека НАТО-скептикот Доналд Трамп се обидува да го добие својот втор претседателски мандат на претседателските избори во САД.

„Ова е клучен елемент од нашиот пакет за Украина усвоен на самитот во Вашингтон, заедно со долгорочна финансиска обврска“, додаде Столтенберг.

Земјите на НАТО, исто така, ги прилагодуваат своите нуклеарни капацитети на сегашната безбедносна средина, рече генералниот секретар на НАТО.

Столтенберг рече дека последните месеци донесоа опасна нуклеарна реторика и повеќе нуклеарни вежби од страна на Русија, додека Кина исто така ги модернизира своите нуклеарни капацитети.

„Сојузниците ќе разговараат за тековното прилагодување на нашите нуклеарни капацитети на сегашната безбедносна средина. Постигнавме значителен напредок во оваа адаптација“, додаде генералниот секретар на НАТО.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More