Home » Стоилковски: СДС во слободен пад вади фотографии кога Ковачев им беше „брат“ и „љубави“,

Стоилковски: СДС во слободен пад вади фотографии кога Ковачев им беше „брат“ и „љубави“,

by Журнал.мк

Социјалдемократскиот сојуз манипулира и лаже, и целосно недостоинствено се служи со лажни вести, објави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, откако пратеничката на СДСМ, Лидија Тасевска, објави фотографија од пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова со бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев, притоа коментирајќи дека фотографијата е потврда на соработка на македонското и бугарското ВМРО.

Стоилковски вели дека СДС во слободен пад се користи со фотографии кога Ковачев им беше “брат” и “љубави”.

„И да потсетам кога Ковачев објави фотографија со коментар дека Силјановска имала многу забелешки за договорот со Бугарија и различно мислење за историјата, потенцира самиот Ковачев“, рече Стоилковски.

„Ова е фотографија од Ковачев во 2019 година. А оваа фотографија му е од сега, пред една недела. Само СДС при очи не гледаат разлика и кај самиот Ковачев. Прашање е само дали и оваа манипулација не е во договор на СДС со Ковачев? Ја разбираме нервозата откако се исфрлени и од европските собири, а дома од народот, но тоа не значи дека може да шират лажни вести и да ги туркаат медиумите во нивните лаги“, рече Стоилковски покажувајќи фотографии.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More