Home » Стоилковски: Министерот Демири и заменик министерката Манолева да одговорат дали се работи за 120.000 евра санација за цела Хирургија?

Стоилковски: Министерот Демири и заменик министерката Манолева да одговорат дали се работи за 120.000 евра санација за цела Хирургија?

by Журнал.мк

Министерот Демири и заменик министерката Манолева да одговорат дали се работи за 120.000 евра санација за цела Хирургија и дали за 120.000 евра сиот здравстен систем е колабиран, праша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Доколку некаде ја видите д-р. Маја Манолева од СДС, потсетете ја дека е заменик министер за здравство! И прашајте ја дали е ова „нема откажување од иднината“ за кое водеше кампања два месеци? Или дали семејните бизниси, од приватно здравство до трговија со струја се поважни во моментов од Хирургија и колапсот на здравствениот систем? Д-р. Маја Манолева, заменик министер и потпретседател на лекарската комора, никаде ја нема. И уште едно прашање, дали таа ветува заштита на оние 12 директори кои функционираат на Хирургија и молчат пред проблемите?“, праша Стоилковски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More