Home » Стоилковиќ: Прифаќањето на различностите нѐ прави уникатни, а нивното негување е наш влог во иднината

Стоилковиќ: Прифаќањето на различностите нѐ прави уникатни, а нивното негување е наш влог во иднината

by Журнал.мк

Празнувајќи го 5 ноември – Меѓународниот ден на ромскиот јазик го даваме нашиот придонес во чувањето и негувањето на културните особености на ромската заедница, порача вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ.

– На денот кога ги славиме ромскиот јазик и култура, како нераскинлив дел од глобалната мултикултурна заедница во која живееме, се потсетуваме дека на тој начин не само што ги чуваме традицијата и фолклорот на Ромите, туку и ја збогатуваме нашата заедничка историја и иднина, отворајќи пат за уште посилно меѓусебно разбирање и почитување.

Светскиот ден на ромскиот јазик ги промовира јазикот, културата и образованието, а се слави секоја година на 5 ноември, денот кога почнувајќи од 2009 година се направени првите чекори кон негово признавање за малцински јазик според Европската повелба за регионални или малцински јазици. Од 2015 година на барање на Република Хрватска, УНЕСКО го прогласил 5 ноември за Светски ден на ромскиот јазик.

Прифаќањето на различностите нѐ прави уникатни, а нивното негување е наш влог во иднината на општеството во кое битисуваме – мултикултурно општество на кое треба да бидеме горди.

Честит 5 Ноември – Меѓународен ден на ромскиот јазик!, истакна Стоилковиќ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk