Home » Стоилковиќ оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џаин

Стоилковиќ оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џаин

by Журнал.мк

Потпретседателот на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со делегација од Амбасадата на Кралството Шведска, предводена од Н.Е. Ами Ларсон Џаин.

На средбата беа разменети мислења и ставови на повеќе теми со фокус на актуелните политички и економски прашања, односите меѓу етничките заедници кои живеат во земјата, но и можностите за продлабочување на и онака одличната соработката меѓу двете земји. Воедно беше нагласено и тоа дека сѐ додека има резултати и сѐ додека ниту еден денер не заминува во погрешен џеб нашата земја ќе ја има шведската поддршка.

„Бевме контруктивна опозиција, а сега се покажуваме како одговорна власт и затоа мислам дека заслужуваме поддршка, како и дека Шведска треба да остане еден од нашите најголеми пријатели“, рече потпретседателот и министер Стоилковиќ.

На крајот од средбата двајцата соговорници се согласија дека соработката меѓу двете земји треба да продолжи да се негува, а Шведска како силен поддржувач на нашата земја на патот кон ЕУ и понатаму да ја поттикнува РС Македонија да напредува во процесот на интеграција во ЕУ, особено во насока на зајакнувањето на демократскиот и инклузивен развој.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk