Ја нагласив огромната заложба на Владата за изградба на брзата пруга на коридор 10 и квалитетно поврзување на земјите од Централна и Западна Европа, изјави Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски по официјалните средби со претставниците на Србија.
Вицепремиерите Иван Стоилковиќ и Александар Николоски, и Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи на Македонија се во дводневна официјална посета на Србија на која ќе имаат средби со државниот врв на оваа земја.
„Продолжуваме заеднички да ги реализираме инцијативите за забрзан економски и регионален развој. На денешната средба со претседателката на Собранието Ана Брнабиќ беа потврдени добрите билатерални односи меѓу двете земји со посебен нагласок на зголемување на можностите за економска и трговската соработка“, напиша Николоски на својот фејсбук-профил.