Home » Стоилковиќ на средба со кинескиот в.д. амбасадор Леј: Можностите за проширување на економската соработка меѓу двете земји тема на разговор

Стоилковиќ на средба со кинескиот в.д. амбасадор Леј: Можностите за проширување на економската соработка меѓу двете земји тема на разговор

by Журнал.мк

Потпретседателот на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ оствари работна средба со делегација од Амбасадата на Народна Република Кина во Скопје, предводена од в.д. амбасадорот, г. Суј Леј.

На средбата беше констатирано дека билатералните односи меѓу двете земји се базирани на пријателство и соработка во повеќе сфери од заемен интерес, а и вицепремиерот и министер Стоилковиќ и в.д. амбасадорот Леј изразија подготвеност за нејзино понатамошно продлабочување, особено во делот на трговската размена и капиталните инфраструктурни проекти.

Вицепремиерот и министер Стоилковиќ меѓу другото го запозна в.д. амбасадорот Леј и со функционирањето на Министерството за односи меѓу заедниците и фактот дека истото треба да прерасне во институција која ќе работи во корист на сите етнички заедници во земјава, но и со проектите на кои работи како заменик-претседател во Владата на РС Македонија. Во таа насока, тема на разговор беа и можностите за проширување на економската соработка меѓу двете земји, а двајцата соговорници ја изразија желбата за нејзино дополнително стимулирање.

Кинескиот амбасадор истакна дека неговата земја е отворена за соработка со РС Македонија и македонските граѓани, со посебен акцент на фактот дека меѓу кинеските компании постои расположение за учество во капитални проекти, но и за евентуално решавање на сите потенцијални проблеми. Воедно како доказ за одличните релации меѓу двете земји в.д. амбасадот на НР Кина го најави и олеснувањето на визниот режим за македонските граѓани и податокот дека во иднина издадените визи ќе бидат со важност од пет години.

На крајот од средбата двајцата соговорници се согласија дека соработката меѓу двете земји, пред сѐ, базирана на долгогодишно пријателство е клучна, а дека искуството на Кина како земја на различности треба да послужи како добар пример во регионот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk