Home » Стоилев: До крајот на годината ќе се исплатат сите субвенции за 2023 година

Стоилев: До крајот на годината ќе се исплатат сите субвенции за 2023 година

by Журнал.мк

Според најавите на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев до крајот на годината ќе се интензивира исплатата на земјоделските субвенции.

-Во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во тек е анализа на сите досегашни мерки при што е поставена цел да се докаже оправданоста на подршката за секоја мерка поединечно како и досегашниот ефект од вложените финансиски средства. Контролата на терен ќе биде засилена и перманентна, бидејки граѓаните имаат право да знаат дали вложените финансиски средства наменски се употребени. АФПЗРР ќе одговори на очекувањата на земјоделците околу редовната исплата на субвенциите преку програмата за директни плаќања, а тоа го докажа владата која од формирањето искажа подршка на земјоделците во вкупна вредност од 2 .000.000.000 денари што значи дека до крајот на 2024 година ќе нема заостанати и неисплатени субвенции за 2023, 2022 итн.- изјави за Агротим, Стоилев.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More