Home » Стоилев: До крајот на годината ќе бидат исплатени сите заостанати субвенции и голем дел од 2024

Стоилев: До крајот на годината ќе бидат исплатени сите заостанати субвенции и голем дел од 2024

by Журнал.мк

Директорот на АФПЗРР Илија Стоилев во емисијата Студио 10 на 24ТВ најави дека до крајот на оваа година ќе се исплатат сите заостанати субвенции и голем дел од 2024 година.

– Со доаѓањето на Владата се доделија 600 милиони денари за подмирување на долгови за неисплатени субвенции за изминатите 2021, 2022 и дел од 2023 година, некои мерки воопшто не беа исплатени, некои половично па беа доплатени. Со ребалансот се издвоија уште 1.280.000 денари. До крајот на 2024 година ние нема да имаме неисплатени обврски ниту за 2022, ниту за 2023, ниту за 2021 значи до последен денар земјоделците ќе бидат исплатени. Се прават напори и од страна на Министерството за финансии и од МЗШВ заедно со Владата да се изнајдат средства да се исплати голем дел од 2024 година.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk