Home » Сто милиони евра повеќе за здравството, во мај ќе пораснат платите за 5 до 8 отсто

Сто милиони евра повеќе за здравството, во мај ќе пораснат платите за 5 до 8 отсто

by Журнал.мк

Јавните здравствени установи годинава ќе добијат зголемен буџет за сто милиони евра повеќе во споредба со минатата година, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во Општина Кочани.

-Можам да кажам дека јавните здравствени установи ќе добијат буџет за повеќе од сто милиони евра споредено со буџетот минатата година, а ако минатата година буџетот се движеше некаде околу 27 милијарди денари, сега е некаде околу 33,2 милијарди денари или 540 милиони евра – истакна Мицкоски.

Тој додаде дека со мартовската плата ќе продолжи исплатата на зголемениот личен доход за лекарите и медицинскиот персонал. Мицкоски изрази увереност дека конечно граѓаните во здравството ќе ги добијат услугите, кои ги заслужуваат.

Од коалицијата ВЛЕН, од каде доаѓа министерот за здравство Арбен Таравари, пак, соопштија дека како влада потпишале колективен договор со синдикатите на лекарите и здравствените работници, кои ќе имаат линеарно зголемување на платите.

„Само во месец ноември лани платата на медицинските сестри се зголемила за 18 отсто заедно со техничките работници, кои сега почнаа да добиваат 2.500 денари повеќе. Додека фармацевтите, физиотерапевтите и лекарите од итната помош ќе имаат плати еднакви на оние на општите лекари и стоматолозите. Платите во здравството се очекува да пораснат за пет до осум отсто во текот на месец мај“, велат од ВЛЕН.

Со зголемените плати за лекарите и на здравствените работници, додаваат од таму, ги мотивираме уште еднаш со целосна волја и посветеност да се посветат на енергична услуга и добри резултати на нашите граѓани.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk