Пратеникот Бојан Стојановски во Отворено рече дека предлогот за намалување на прагот на репрезентативност на синдикатите од 10 на 5% ќе овозможи повеќе синдикати да добијат право на учество. Според него, силата на синдикатите е во нивната бројност.
„Се согласувам конкретно дека силата на синдикатите е во нивната бројност и затоа го поднесуваме ова законско решение. Кога нудите уште на неколку сидникати да седат на маса значи им давате можност на повеќе работници да се на маса. Треба да има квалитетен дијалог. Овој пат разговаравме за измена на закон и тие измени се случуваат во Собранието. Се надевам дека ќе решиме многу горливи прашања и имаме поддршка и од претставници на владата“, рече Стојановски.