Home » Стојановска: ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи имиња за техничка влада, но нема да гласа за премиер

Стојановска: ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи имиња за техничка влада, но нема да гласа за премиер

by Журнал

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска вечерва во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24 потсети дека во 2016-тата година СДСМ не ги гласаше свои предлог имиња за во техничката влада.

„Дел од минатиот парламентарен состав од кои што денес се сегашни и актуелни пратеници, тие во 2016-тата година не гласале воопшто. Празен е делот од салата каде што тогаш опозициските пратеници на СДС седеле и не гласале за нивните предлози, тогаш Оливер Спасовски и чинам Фросина Ременски.

Ако се држиме до законот или до принципите и ставовите ВМРО-ДПМНЕ нема да ретерира од ова што го кажа. Исто така ние и предложивме и воопшто да нема техничка влада односно ќе требаше да се случат измени на Изборниот законик, тоа не се случи и токму заради тоа почитувајќи го законот ќе предложиме наши имиња, но никаде во закон не стои обврска дека пратеници од опозицијата се задолжени да гласаат ЗА техничка влада“, рече Стојаноска.

Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи имиња за техничка влада и има доверба во нив.

„Нема да гласаме за влада чиј премиер е наметнат“, нагласи Стојаноска.

Таа посочи дека ДУИ за се одлучува, а СДСМ молчи и исполнува.

„Гледајќи го собраниското однесување на Талат Џафери, има бројни исклучоци каде што не почитувал закони, не почитувал Устав, лошо се однесувал. Интерпелација му поднесовме, се разбира дека таа не помина. Има и бројни интерпелации скриени во фиока“, укажа пратеничката.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More