Интензивно се работи на санација на утврдените недостатоци во Центарот за култура „Григор Прличев“, а се однесуваа на поставување громобран, апарат за брза детекција на пожари и хидрантската мрежа, изјави за Супер радио и OhridPress директорот Горан Стојаноски.
Потенцира дека административните работи одат малку побавно, но очекува за многу брзо, во текот на месец јуни да се решат работите и да се продолжи со предвидената програма.
– Привремениот прекин за одржување настани и манифестации е направен во договор меѓу Центар за култура и министерството за култура, додека не се решат тие три работи громобран, апарат за брза детекција на пожари и хидрантската мрежа. Се работи интензивно на санација на состојбата, административниот проблем е малку побавен, но очекувам за многу брзо, во текот на јуни месец да се решат работите, вели Стојаноски.
Од почетокот на месецов во Центарот за култура времено е прекинато одржување на настани поради исполнување на одредени технички услови и санирање на утврдени недостатоци.
Од почетокот на месецов во Центарот за култура времено е прекинато одржувањето на настани поради неисполнување на одредени технички услови и санирање на утврдени недостатоци.