Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски побара од институциите да отворат постапки и судијата Пајазит Пајазити веднаш да биде разрешен од функцијата. Тој додаде дека Пајазити е кадар на СДСМ и ДУИ кој го пуштил Блерим Рамадани во куќен притвор за потоа лесно да избега.
„Пајазит Пајазити е истиот судија кој одлучуваше и за упадот во кулата за летање на аеродромот, и за условната пресуда на Иџет Мемети во случајот со поткуп. Секогаш кога СДС и ДУИ имаат интерес тука е Пајазит Пајазити. Бараме институциите веднаш да отворат постапки и Пајазит Пајазити да биде разрешен од функцијата судија. Инсталациите на СДС и ДУИ во судството мора да го ослободат системот, за тој да може да функционира. Одговорност за Пајазити веднаш“, рече Стојаноски.