Home » STLA SmartCockpit платформата од 2024 ќе овозможи вештачка интелигенција во моделите на Stellantis

STLA SmartCockpit платформата од 2024 ќе овозможи вештачка интелигенција во моделите на Stellantis

by Журнал.мк

Автомобилската групација соработува со технолошкиот гигант во однос на софтверот за STLA SmartCockpit платормата, која ќе овозможи имплементирање на апликации базирани на вештачка интелигенција.

Карлос Таварес, извршниот директор на Stellantis има за цел да ја претвори групацијата во “автомобилска технолошка компанија”, па започна соработка со гигантот Amazon за да ја претвори својата визија во реалност.

Групацијата Stellantis најави инвестиција од 35 милијарди евра до 2025 година, која ќе се однесува на електрификација и развој на софтвер. Групацијата сака да ги претвори своите модели во персонализирани “простори за дневен престој”. Планот е патниците да уживаат во својот дигитален лајфстајл додека патуваат со своите автомобили. Компанијата Amazon ќе биде клучен партнер во овој обид.

Менаџментот на Stellantis потврди дека ќе соработува со Amazon за испорака на софтвер за најавената STLA SmartCockpit платформа, која треба да дебитира во 2024. Софтверот ќе вклучува апликации базирани на вештачка интелигенција, вклучувајќи ја навигацијата, гласовниот асистент Alexa, е-commerce платформа и можност за дигитално нарачување и плаќање за услуги, односно функционалности.

“Ова партнерство е клучно за остварување на стратегијата на Stellantis”, изјави Таварес за време на CES во Лас Вегас. “Компанијата ќе биде клучна во одредени области во рамките на технолошките предизвици, кои се важни за нашиот бизнис. Покрај тоа, се работи за солидно партнерство од финансиски аспект”.

Партнерството со Amazon ќе овозможи на моделите на Stellantis да се интегрира интелигентната технологија која Amazon веќе ja развива за унапредување на моденрните домови.

Stellantis веќе ја вгради Fire TV, стриминг технологија на Amazon, во своите модели Jeep Wagoneer и Grand Wagoneer. Групацијата беше прва која најави имплементација на Alexa Custom Assistant.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk