Home » Стигнал одговорот од Бугарија за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот на АНБ

Стигнал одговорот од Бугарија за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот на АНБ

by Журнал.мк

Обвинителството добило одговор од Бугарија за спорниот ТОЕФЛ-сертификат на директорот на АНБ, Бојан Христовски, потврди државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Тој не откри детали за содржината, но најави дека одговорот поттикнал истрага на нови факти и наскоро ќе следи јавнообвинителска одлука… Сертификатот потекнува од училиштето „Јулија Ко.“ од Пловдив, за кое истражувањата покажаа дека не е активно од 2019 година.

Христовски го користел сертификатот при аплицирање за државни функции. Случајот се води како предистражна постапка во ОЈО Скопје.

Претходно се дозна и дека две директорки на јавни установи биле осудени со условни казни поради користење лажни ТОЕФЛ-сертификати, исто така издадени од училиштето во Пловдив, што го отвори прашањето за евентуална злоупотреба на такви документи во институциите.

Случајот со Христовски предизвика силна јавна реакција особено поради чувствителноста на функција што ја извршува.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk