Home » Стевче Јакимовски е кандидат на ГРОМ за претседател на државата

Стевче Јакимовски е кандидат на ГРОМ за претседател на државата

by Журнал

Професорката и пратеничка Гордана Силјановска-Давкова се пријавила на јавниот оглас на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, соопштија попладнево од партијата. За нејзината кандидатура ќе се одлучува од страна на делегатите на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател, која ќе се одржи на 02 март 2024 година.

– Во врска со Јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија ја информираме јавноста дека крајниот рок за поднесување на пријава истекува денес. На истиот се пријави проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова, која поднесе план, програма за работа и потребен број на потписи на делегати, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Гордана Силјановска-Давкова била професорка по Уставно право и Политички систем на Правниот Факултет Јустинијан Први. Таа е експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем. Силјановска – Давкова е актуелен пратеник во Собранието.

Силјановска-Давкова беше канадидат на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори во 2019 година.

Претседателот на ГРОМ и градоначалник на oпштина Карпош Стевче Јакимовски е кандидат на оваа партија за претседател на државата.

Јакимовски во изјава за медиуми вечерва по седницата на Централниот одбор на ГРОМ соопшти дека добил поддршка од највисокото раководство на партијата да биде кандидат на партијата за претседател.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More