Професорката Маја Стевановиќ во вечерашната емисија Вин-Вин истакнува дека новиот закон создава неправедни одредби кои ја фаворизираат финансиската способност над академските заслуги.
„Некој сака да направи чистка меѓу асистентите и вработените за да ослободи место за некој друг. Тоа е моето чувство. Апсолутно неправедна одредба. За едните да важи одложување, а за најринливите да не важи одложување,“ објаснува Стевановиќ.
Таа дополнува дека барањата за објавување трудови во Web of Science создаваат финансиски бариери: „Објавување на труд и уредување чини од 2 до 3 илјади евра.“
Па според тоа се проценува дека тој што има пари може да стане професор, а оној што нема, ќе треба својата кариера да ја бара на друго место. Стевановиќ, за ваквите одредби вели дека можат да ја нарушат академската автономија и да ги фаворизираат само оние со финансиски средства, наместо да ја вреднуваат реалната научна работа.








