Home » Стендап дуел на годината: Марјан Георгиевски против Бојан Велевски на 14 февруари во МНТ – Трифун или Валентајн?

Стендап дуел на годината: Марјан Георгиевски против Бојан Велевски на 14 февруари во МНТ – Трифун или Валентајн?

by Lina Muslija

На 14 февруари, Македонскиот народен театар ќе биде домаќин на единствениот стенд-ап спектакл што ветува смеење до солзи! Две тотално спротивни енергии, симболично претставени преку вечната битка помеѓу љубовта и виното, ќе се судрат на сцената во МНТ – „Трифун vs. Валентајн“, каде што познатите комичари Марјан Георгиевски и Бојан Велевски ќе ги одмеруваат своите хумористични сили. Дали сте тим љубов или пак тим вино? Без разлика кој празник го славите, вечерта на 14 февруари е резервирана за забава, сарказам и урнебесна комедија. Марјан Георгиевски, како вистински застапник на „македонската реалност“, ќе се појави во улогата на Трифун, нудејќи бескомпромисен хумор инспириран од македонското секојдневие, љубовта кон виното и традицијата. Од другата страна, шармантниот и духовит Бојан Велевски ќе го претстави ликот на Валентајн, кој ќе ги брани љубовните идеали со доза на иронија, романтика и духовити совети за врски. „Целта ни е публиката да се препознае во нашите настапи и да ужива во контрастот меѓу традицијата и модерните сфаќања за љубовта“, велат комичарите, најавувајќи незаборавна вечер исполнета со многу смеа и забава. Двајца комичари. Две спротивставени идеологии и само еден победник – ПУБЛИКАТА! Секогаш постои дилема: дали 14 февруари е ден за прославување на љубовта, или ден за наздравување со чаша црвено вино во рака? Без разлика на одговорот, едно е сигурно – вечерта ќе биде исполнета со многу смеа, позитивна енергија и незаборавни моменти. Интересот е огромен, а местата се ограничени – затоа не чекајте до последен момент!

Ова е шанса да ја прославите љубовта (или виното) на сосема поинаков начин! Ако сакате да бидете дел од најсмешната стенд-ап ноќ во Македонија веднаш обезбедете ја вашата влезница преку продажната мрежа на www.kupikarta, Розе Веро 2 и Јк травел во Бисер.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk