Home » Stellantis инвестира две милијарди евра во производство во Италија во 2025 година

Stellantis инвестира две милијарди евра во производство во Италија во 2025 година

by Lina Muslija

Производителот на автомобили Stellantis следната година ќе инвестира две милијарди евра во италијанското производство и ќе потроши дополнителни шест милијарди на синџирите на снабдување, најави шефот за европски операции на групацијата, Жан-Филипе Импарато.

Stellantis е четвртиот најголем производител на автомобили во светот.

Најавите за инвестицијата доаѓаат веднаш по заминувањето на до неодамна шефот на групацијата Карлос Таварес. Потрагата по неговиот наследник е во тек.

Во разговор со претставници на италијанската влада, Импарато најави дека шесте италијански фабрики на компанијата ќе го зголемат производството со лансирање на повеќе од десет нови модели до 2032 година, објави Стелантис.

„Не сакам да кријам дека 2025 година ќе биде тешка, но сите фабрики ќе бидат активни“, изјави Импарато по средбата со официјалните лица, пренесува Euronews.

Стелантис е инвеститор и во фабриката за автомобили во Крагуевац, каде што предвидува производство на електрични и хибридни модели на Fiat Grande Panda. Автомобилот е дизајниран врз основа на моделот Panda од осумдесеттите години на минатиот век. Вредноста на инвестицијата е 190 милиони евра.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk