Home » Стефан Ристовски одби да го продолжи договорот со Динамо Загреб!?

Стефан Ристовски одби да го продолжи договорот со Динамо Загреб!?

by Lina Muslija

Стефан Ристовски (33) пристигна во Динамо Загреб во февруари 2021 година од Спортинг Лисабон и оттогаш стана еден од најважните играчи на „сините“.

Македонскиот фудбалер со години ја држеше десната страна на одбраната на хрватскиот клуб, или како десен бек или како центар. Еден од клучните играчи на Динамо оваа сезона, иако годините работат против него. Тој сезонава веќе настапи на 31 меч во сите натпреварувања.

Динамо му понудил на Ристовски нов договор бидејќи во јуни му истекува актуелниот, но според хрватските медиуми одбил продолжување на соработката.

Извесно е дека финансиските услови на новиот договор не би биле на исто ниво со стариот, а Ристовски веројатно би морал да се согласи на помала минутажа во случај клубот да реши да им даде шанса на помладите играчи на неговата позиција како талентираниот Ноа Микиќ. Се очекува играчот и клубот повторно да седнат на преговарачка маса, но Ристовски веројатно ќе мора да се откаже од улогата на лидер на теренот и да ја задржи само лидерската во соблекувалната доколку сака да остане во клубот, иако не е невозможно да си замине по четири и пол години верност.

Македонскиот дефанзивец со Динамо освои четири титули во Хрватска и моментално се бори за петта. Со „сините“ освои и два купа на Хрватска, а за Динамо одигра вкупно 177 натпревари, постигнувајќи седум голови и запиша19 асистенции. За репрезентацијата на Македонија одигра 81 натпревар.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk