Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на напредниот систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ и поврзаната опрема на Романија, соопшти денеска Пентагон.
Како што е соопштено, продажбата на „Патриот“ е одобрена за 280 милиони долари (околу 245 милиони евра), а главни изведувачи ќе бидат „РТХ Корпорејшн“ и „Локхид Мартин“, објави Ројтерс. „РТХ Корпорејшн“ и „Локхид Мартин“ се американски компании за воздушна одбрана, воена поддршка, безбедност и технологија.