Home » Ставриќ: Бројот на заболени со пертусис не е 22 или 26, туку е многу поголем

Ставриќ: Бројот на заболени со пертусис не е 22 или 26, туку е многу поголем

by Журнал

Реалните бројки на пертусис во земјава сигурно не се 22 или 26, туку се многу повеќе, истакна проф. д-р Катерина Ставриќ, детски имунолог, во денешното издание на „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Сигурно дека овие 26 случаи се разболеле во контакт со домашните, во градинка или во училиште. Затоа бројот на заболени лица е многу поголем. Но, главно, малата возраст, децата под пет години се тие кои се најчесто дијагностицирани, бидејќи тие пројавуваат потешка клиничка слика. Поголемите деца, повозрасните, можеби се вакцинирани лица со ослабен имунитет, меѓутоа доволен за да даде една лесна клиничка слика која за нив можеби и не е препозната дека е пертусис, туку можеби е сфатена како друга вирусна инфекција“, вели Ставриќ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk