Home » Ставен под контрола пожарот во Расадник

Ставен под контрола пожарот во Расадник

by Журнал.мк

Екипите на Противпожарната единица на Град Скопје, со надчовечки напори делуваа на теренот во Расадник каде попладнево изби пожар кој е веќе локализиран, ставен под контрола и во најкраток можен рок ќе биде целосно изгаснат, соопшти доцна попладне прес-службата на Град Скопје.

Пожарот кој избувна во попладневните часови при што зафати голема површина.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов изјави дека со пожарот во Расадник зафатена е поголема површина со оревови дрвја, грмушки и трева и се шири во сите насоки, но оти нема да се прошири на околните објекти.

Во гаснењето на пожарот учествуваат и граѓаните, кои помагаат на секаков начин – со кофи и црева.

Во непосредна близина на пожарот се наоѓаат повеќе објекти: згради, куќи, бензиска пумпа, маркети … поради што имаше опасност од проширувањето на пожарот. Пожарната не можеше да помине на улиците поради паркирани возила, па „Пајак“ мораше да ги отстрани.

Од Градот Скопје апелираат општина Кисела Вода да го прифати предлогот за меѓуопштинска соработка со Град Скопје за изградба на нов мега-парк на таа локација, како што нагласуваат, со цел оплеменување на опожарениот простор и заштита на животната средина.

-На овој начин жителите на општината ќе добијат нов зелен појас наместо запуштен простор, кој во моментов претставува опасност по животот и здравјето на граѓаните, соопшти Град Скопје.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More