Home » Startup Weekend Skopje 2024: Иновации и тимска работа за похумано општество

Startup Weekend Skopje 2024: Иновации и тимска работа за похумано општество

by Lina Muslija

Изминатиов викенд над 50 учесници и 20 ментори се обединија за подобро и похумано општество на 13тото издание на Startup Weekend Social Innovation Skopje 2024. Со голем ентузијазам и несекојдневни идеи, 10 тимови работеа со цел да креираат иновативни решенија. Оваа година, темата беше насочена кон социјалните инвации што значи дека сите идеи беа фокусирани на справување со актуелни општествени предизвици преку креативност и соработка. Решенијата беа од најразличен карактер и природа, вклучувајќи апликации, сервиси, продукти и услуги, кои би дале позитивен импакт врз општеството.

Секако еден од поинтересните и мотивирачки моменти на 54-часовниот настан беше панел дискусијата „Learning from Our Biggest Mistakes: Turning Failure into Opportunity.” Своите искуства од нивна перспeктива како неуспесите да се претворат во победи ги споделија Гого Рафајловски (Networker), Натали Ристовска (Yova) и Сања Лазаревска (APRIL22). Тројцата панелисти беа едногласни дека тимот е клучен за успешноста и иднината на една идеја. Ги советуваа овогодинешните учесници дека работите никогаш не одат по планот, многу фактори се менуваат затоа треба да се менуваат и растат и тие.

Потикнувачки и корисни за учесниците беа секако и менторските сесии со 20+ стручни ментори од земјава и од странство кои беа на располагање за помош во развојот на идеите, обезбедувајќи вредни совети и насочувајќи ги тимовите кон успешно решение.

На крајот од викендот следеше споделување на разработените идеи односно 10те тимови ги презентираа своите единствени решенија пред жири комисијата составено од експерти во различни области.

 

Оваа година за победнички беше избран тимот „CareConnect“, идеjата е да се поврзуваат семејствата на постарите возрасни лица со старатели, нудејќи персонализирана грижа која го подобрува квалитетот на животот.

Второто место го зазема тимот „Аgro AI“ и стартап кој има за цел да ги искористи модерните технологии, вештачката интелигенција и машинското учење во агрикултурата, правејќи го пристапот до овие технологии пристаплив од страна на помалите фирми и земјоделци здружувајќи ги во кооперативи по региони. Главните дејности на AgriAI вклучуваат испитување на почва, прскање и садење со користење на дронови и ВИ.

За трето место беше прогласен тимот „Lokal Insight“, чиј концепт e мобилна апликација за туристи, за избегнување на несакани ситуации и добивање на известување во ррално време за временска прогноза, сообраќај, настани и сл.

Локацијата на одржување на Startup Weekend Skopje 2024 и оваа година беше централната експозитура на ПроКредит Банка, која е одговорна финансиска иниституција и секогаш поддржува настани и компании кои се грижат за позитивен социјален импакт. Воедно, ПроКредит Банка заедно со MasterCard се втора годиина по ред главните спонзори кои ја шират истата страст и визија за подобра иднина со Startup Weekend Skopje 2024.

Благодарност до сите учесници, ментори, панелисти, волонтери и поддржувачи што го направија овој викенд беспрекорен! Сè што правиме, го правиме заедно, за подобро, похумано и посреќно општество.

До следното издание на Startup Weekend Skopje 2025, погледнете дел од овогодинешната атмосфера на настанот!

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk