Microsoft минатата година започна со тестирање на проширување на Старт менито во Windows 11 со нова лента на која ќе може да се прикажуваат дополнителни информации. Засега истата се интегрира со Phone Link апликацијата и на почеток овозможуваше гледање на информациите за поврзаниот Android телефон.
Сега од компанијата најавија подобрување на оваа функција, а една од новините е можноста за прикажување на информациите и од поврзаниот iPhone телефон.
Можноста за поврзување и на iPhone со Windows 11 беше додадена во 2023 година, а истата постепено беше и подобрувана, па при крајот на минатата година доби поддршка за споделување на датотеки помеѓу телефонот и компјутерот.
Корисниците сега едноставно ќе можат да ги поврзат со Старт менито нивните поврзани Android или iPhone телефони и да ги гледаат информациите како батеријата, најновите известувања, како и да започнат испраќање на датотека.
Оваа функција останува да биде достапна преку Windows Insider, па оваа година веќе може да се очекува да им биде пуштена на сите корисници.