Home » Стармер: Извикот „смрт за ИДФ“ е одвратен говор на омраза

Стармер: Извикот „смрт за ИДФ“ е одвратен говор на омраза

by Lina Muslija

Раперот Боби Вилан, од панк дуото Боб Вилан, вчера ја предводеше толпата во скандирањата „Слободна, слободна Палестина“ и „Смрт, смрт за ИДФ“, пред ирското рап трио Никејп да ги повика обожавателите да „започнат бунт“ на претстојното судско рочиште на членот на неговиот бенд.

Осврнувајќи се на извиците на Боби Вилан на најголемиот британски музички фестивал, Стармер рече дека „нема оправдување за таков одвратен говор на омраза“.

-Реков дека на Никејп не треба да му се даде платформа, а тоа важи и за другите учесници кои се закануваат или поттикнуваат омраза. Би-Би-Си треба да објасни како овие сцени се емитувале, забележа тој.

Полицијата соопшти дека ќе ги разгледа видео доказите „за да утврди дали се случиле други прекршувања што би оправдале кривична истрага“.

Во соопштението за медиумите од ко-организаторката на фестивалот, Емили Ивис, се наведува дека извиците на Боб Вилан „значително ја преминале границата“.

-Итно ги потсетуваме сите вклучени во продукцијата на фестивалот дека нема место за антисемитизам, говор на омраза или поттикнување на насилство на Гластонбери, предупреди таа.

Израелската Амбасада на социјалните мрежи нагласи дека е „длабоко вознемирена од провокативната и полна со омраза реторика на фестивалот Гластонбери“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk