Home » „Старлајнер“ на „Боинг“ се врати на Земјата

„Старлајнер“ на „Боинг“ се врати на Земјата

by Журнал.мк

Проблематичното вселенско летало „Старлајнер“ на „Боинг“ се врати на Земјата, но без астронаутите кои ги однесе на Меѓународната вселенска станица. Празното летало патуваше на автономен режим откако ја напушти станицата.

Капсулата се соочи со технички проблеми откако беше лансирано заедно со астронаутите на НАСА, Буч Вилмор и Сани Вилијамс, поради што нивното враќање дома би било преризично. Тие затоа ќе мора да останат во вселената до следната година и треба да бидат вратени со ракетата „Кру драгон“ на „СпејсЕкс“ во февруари. Нивниот престој на тој начин ќе се одолжи од планираните осум дена на осум месеци.

НАСА кажа дека двајцата астронаути се во добро расположение и редовно контактираат со своите семејства.

Ова беше првиот лет на „Старлајнер“ со човечка посада, но проблеми се појавија набргу по полетувањето на 5 јуни. Во капсулата дојде до истекување на хелиумот и неколку погони не работеа правилно. Инженерите на НАСА долго време се обидуваа да ги разберат овие технички проблеми и на крајот на август беше одлучено дека не е доволно безбедно астронаутите да се вратат дома со „Старлајнер“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk